Големи промени во командата на руската војска

Од:

Институтот за проучување на војната објави нова анализа и мапа на конфликтот во Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека раководството на централните и јужнитесили кои се борат против Украина е сменето, потврдувајќи ги гласините дека високата команда на Русија го реструктуира раководството на операциите во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека сега командантот на Централниот воен округ, генерал-полковник Александар Лапин, командува со „централната“ група сили. Овие трупи се одговорни за операциите во Лисичанск и Северодонецк.

Генералот Сергеј Суровикин, командант на руските воздухопловни сили, командува со „јужна“ група сили. Тој ја надгледуваше опсадата на Хирска и Золота. Преструктуирањето на руската команда е со цел подобро да се организираат операциите во Украина, иако во соопштението на руското министерство не се наведува дека дошло до промени.

Министерството за одбрана на Велика Британија потврди дека руската команда променила неколку генерали од клучните оперативни улоги во Украина. Меѓу нив се и генерал-полковникот Андреј Сердјуков и командантот на Јужниот воен округ на Русија, Александар Дворников.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Украински колапс на фронтот во Курск, руските борци ги отсекоа сите патишта за снабдување