Митева: Доколку навистина имало хибриден напад врз државата, владата мора да понесе одговорност

Од:

Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Владата на СДСМ и ДУИ обвинува за хибриден напад, но не кажува зошто дозволила тој да се случи и зошто не бил спречен. Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата праша портпролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија митева на прес конференција.

– Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели и Османи имало хибриден напад, тогаш и тој, и Маричиќ и Ковачевски мора да имаат одговорност, бидејќи истиот не бил спречен на време и државата била нападната. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси. СДСМ треба да знае дека најголемиот виновник за состојбите во кои се наоѓа Македонија е токму владата на Ковачевски. Најголемиот хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеле целокупната македонска јавност дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што со денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале овој штетен предлог за Македонија повеќе од 6 месеци, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните вели Митева.

Би можело да ве интересира

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски