(ВИДЕО) Ковачевски: Предлогот на Франција не е прифатлив за нас

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски го одби предлогот на Франција на денешниот самит на ЕУ за Западен Балкан.

„Северна Македонија е кандидат 17 години. Еве сме тука денес, а преговорите не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.

Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем. Како земја која е посветена на заедничко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности. Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања.

Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас.

– Предлог кој би бил прифатлив за Македонија ќе мора да содржи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не мжат да бидат дел од преговарачката рамка. Преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнување на постапката за уставните измени. Цврсти гаранции дека Бугарија нема да условува со нови барања надвор од она што ќе биде договорено со билатералниот протокол. Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот, за Владата и за граѓаните на Македонија – рече Ковачевски во Брисел.

Тој додаде дека секое решение ќе биде консултирано со институциите во земјата. Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање на македонските позиции, премиерот рече дека Владата е подготвена да се вклучи во разговори за истите.

– Сакам да им порачам на граѓаните да бидат спокојни. Никој не може без наша согласност да наметне било какво решение. Ние направивме се, сега ЕУ е на потег – додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Денеска е првиот чекор кон големата одлука

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината