„Доста е, не се согласувам да се носат срамни одлуки “ – Александра Теменугова од ИКС повика на протест во 19 часот пред Влада

Од:

Францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија кој нашата Влада се уште не го добила формално, а за Софија веќе расправа на Комисијата за надворешна политика, ја здружи интелектуалната јавност на социјалните мрежи.

Во претходните дебати за Договорот за добрососедство со Бугарија, спорот со Грција или португалскиот предлог за решавање на македонско-бугарското прашање, експертската јавност имаше поделени ставови, но за предлогот на француското претседателство речиси сите се согласуваат дека е неприфатлив и недостоинствен.

Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии остро реагираше на социјалните мрежи и најави протест вечерва во 19 часот пред Владата за да каже дека не се согласува со носење на срамни одлуки.

„Бидејќи е јасно што ќе ни донесе утрото во Брисел, бидејќи ќе дозволиме со декларација да бидеме „дијалект на бугарскиот народ“, бидејќи не смееме да прашаме како се чувствуваат Македонците во Бугарија додека тука допрва ќе трпиме условувања за отворање и вметнување во Устав, па уште и ќе треба да сме доволно фини за да ги задоволиме соседите да се сме смилуваат да го тргнат ветото… Бидејќи ќе дозволиме да ги промениме учебниците по историја и ќе се правиме на три и пол дека Бугарите не биле фашисти, бидејќи по не знам кој пат ќе треба да плукнеме на се што ни оставиле нашите ни дедовци, бидејќи ми е преку глава да слушаме исфилувани памфлети дека ова е за мир во куќи, јас вечерва во 19 часот ќе излезам пред Влада за да кажам – ДОСТА Е и не се согласувам да се носат срамни одлуки! Барем тоа можам ко граѓанин да го направам. Бујрум“, напиша Теменугова и ги покани сите интелектуалци да вечерва да го изразат незадоволството од предлогот.

Новинарката Билјана Секуловска напиша дека е без преседан тврдењето на македонската власт дека никој не го видел францускиот предлог:

„Никој не инстистира на став за францускиот предлог од нашиве, ако тоа е тактика. Ама упорно да тврдат дека не го виделе, а се работи за нашата земја, е тоа е без преседан. Јас разбирам да кажат – да, заедно работиме на предлогот, нема да има повеќе ништо. Вака излегува зад грб некој им прави предлог, а они чекаат Бугарија да каже што мисли за нешто што не го виделе. А, они не се од тука, неверојатно“.

„Со “не” за францускиот предлог Македонија ќе и’ ги отвори очите и на ЕУ да не си влегува во “билатерални” тунели без светло!!“, напиша новинарот Зоран Иванов.

И министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски вчера се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.
„Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија“, смета Милевски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?