ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, со јавноста, со населението оди до крајната цел, а тоа е предвремени парламентарни избори на кои што ќе падне оваа криминална и катастрофална Влада која што ја уништува Република Македонија.
Следниот период како што знаете, како што најавивме ќе биде прилично исполнет со активности, каде што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе преземе разно разни протестни активности низ целата држава, се до нашата конечна цел, се до конечната цел која што ја посакуваат и граѓаните и јавноста, тоа е опаметување на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ, и распишување предвремени парламентарни избори.
Тимови составени од извршниот комитет на партијата, пратениците, раководството ќе бидат присутни буквално во секое населено место помеѓу населението и граѓаните и ќе се врши општа мобилизација на народот против власта, кој и онака веќе е јасно дека е на страната на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е народот, тоа се граѓаните, тоа го покажаа и на последниот протест и тоа го докажуваат и со секојдневната поддршка што ни ја даваат. И како што реков се до конечна цел паѓање на оваа криминална власт.
Предвремените парламентарни избори се нужни и мора да се случат што побрзо. Секој ден, ама буквално секој еден ден поминат со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е нова катастрофа и нов пораз и за државата и за граѓаните. Тоа мора да прекине и не смее да ни се случува повеќе како држава.
Ковачевски и Ахмети треба јасно да знаат дека граѓаните бараат промена на оваа криминална власт и дека единствено, ама единствено решение се само предвремени парламентарни избори. И нема друго решение. Тоа е единственото решение.
Доколку и понатаму продолжат да ја игнорираат потребата од избори кои што ги бараат ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата и граѓаните, ние ќе бидеме принудени да пристапиме како што најавивме и како што рековме кон целосна блокада на институциите, на патиштата, на целата држава, за конечно да се оствари целта која што ја посакуваат сите во оваа држава освен власта,а тоа е предвремени парламентарни избори. Доволно се кријат, доволно бегаат, нека излезат на мегдан да се соочат со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со граѓаните.
Доколку се рационални и доколку барем малку размислуваат и и мислат добро на државата и на граѓаните, само треба многу малку да размислат и да им биде јасно дека активната блокада како прв чекор е и повеќе од успешна и многу успешна, и дека ако прејдеме на блокада на целата држава која исто така ќе биде успешна, секако ќе има избори, само треба да си ги скратат маките и нервозите.
Затоа, потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо, потребни се веднаш, за да се поштеди целата држава од блокади, а воедно и оваа криминална власт ќе ги поштеди и граѓаните од секојдневното крадење кое што во моментов го прават, рече на прес конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.