Димче Арсовски е нов директор на МКЦ – Бени Шаќири ќе му биде советник на скопскиот градоначалник

Од:

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Досегашниот директор, Арбен Шаќири поднесе оставка на оваа функција, како што вели, од лични причини.

„Ја користам оваа прилика да ве известам дека повеќе нема да ја обавувам функцијата директор на Младински културен центар (МКЦ) Скопје со што поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓоргиевски од лични причини! Сепак на предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски останувам како дел од неговиот кабинет на позиција советник за култура со што ќе се обидам од еден друг аспект да придонесам за унапредување и развој на културата во градот Скопје. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски на кого му посакувам да биде успешен и трпелив и верувам дека како млад човек ќе даде максимум од себе како би можел да се справи со сите потешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години“ – напиша Бени Шаќири на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Квартетот „Стрингендо“ со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независна Македонија

А1он

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

Дела на скулпторот Александар Ефтимовски трајно поставени во просторот МКЦ Скопје

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

МКЦ: Малициозно е да се потценува трудот на шанкерите, понекогаш работат и по 12 часа, служат по 2000 луѓе

Маја Илиевска-Пачемска

МКЦ: Директорот Ванчо Богоев беше сменет оти не потпиша вработување за Бени Шаќири

A1on