Хоџај: Косово ќе биде дел од Трансјадранскиот гасовод

Од:

Шефот на косовската дипломатија, Енвер Хоџај, потврди дека Косово сака да се приклучи кон проектот Трансјадрански гасовод (ТАП), со кој ќе се пренесува гас од Азербејџан до Европа, а крак ќе минува и низ Албанија.


Тој рече дека заедно со премиерот Хашим Тачи се максимално ангажирани и Косово да биде дел од овој гасоводен синџир, кој ќе ги поврзува Азербејџан, Турција, Грција, Албанија и Италија.


Според него земјата ќе профитира како на геостратегиски таа и на економски план.


– Опфатеноста на Косово во ТАП ќе донесе стабилни годишни приходи.На планот на економијата на Косово ќе му донесе диверзитет во енергетските извори и несомнено граѓаните на Косово ќе имаат многу пониски трошоци за енергија, ползувајќи гас, изјавил Хоџај, додавајќи дека за тоа веќе се водат разговори како до владини претставници на Албанија така и на евроспките земји кои ќе бидат дел од овој гасовод.


Проектот ТАП е вреден 40 милијарди долари и е предвидено да биде пуштен во функција на 1 јануари 2019 година. Лани Албанија, Грција и Италија потпишаа меѓувладин договор за изградба на Трансјадранскиот гасовод, по што парламентите на трите земји го ратификуваа. Проектираниот годишен обем на транспортирано сино гориво е 10 до 20 милијарди кубни метри. Акционери во изградбата на инсталацијата се швајцарската компанија Ахпо (42,5 отсто), норвешката Статоил (42,5 отсто) и германската Рургас (15 отсто). Од градот Комотини во Грција гасот по трасата ќе пристигнува до Албанија, а потоа по дното на Јадранско Море, на длабочина од 820 метри до Бриндизи, во Италија.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски