Валентина Стефановска 25 пати на сметка на Центар патувала во Италија

Од:

1,5 милион евра поранешни градоначалници, раководители и скулптори потрошиле за патувања во Италија.

Одговарајќи на прашањето на советничката Весна Милосавлевска, дали има информации за потрошена голема сума пари за патување до Италија од екс-градоначалници, скулптори и вработени во општината, Жерновски одговори дека 57 лица на товар на Општина Центар патувале во Фиренца, Верона, Милано за поблиску да се запознаат со условите каде ќе се леат спомениците од проектот Скопје 2014.

Како што рече Жерновски, патувале и скулпторката Валентина Стефановска и тоа не еднаш туку 25 пати.

Патувал и поранешниот претседател на Советот, Владимир Здравев. И тој бил 8 пати.

Screenshot_11Нејасно е, рече Жерновски зошто тој морал да отиде во Италија, а уште помалку што бара екс-раководителот на секторот урбанизам, или пак екс-раководителката за јавни набавки.

“Трошокот за авионски билети е нешто помалку од 1 милион евра, или вкупно 1.5 милион евра се потрошиле за патување и сместување во Италија. Прашувам што барал претседателот на Советот таму и кој се согласил буџетот на Центар да се олесни за 1.5 милиони евра“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски