Германската полиција приведе македонски државјанин, баран по меѓународна потерница

Од:

Германската полиција приведе македонски државјанин, баран по меѓународна потерница, информираат од македонското Министерство за внатрешни работи.

„На 07.06.2022 во Сојузна Република Германија од слобода е лишен В.К.(31), македонски државјанин, кој беше баран со меѓународна потерница, а е осуден на пет години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, сторено во 2013 година.

Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, а е помогната и поддржана од регионалниот проект на ЕУ – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

АфД е пред историска победа, Мерц е под силен притисок пред клучните избори

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он