Да се укине гасот за државите кои забранија прелет на авионот на Лавров

Од:

Нов предлог од Русија-да се забрани горивото и гасот за државите кои забранија прелет на авионот на министерот за надворешни работи на Руската федерација, Сергеј Лавров.

Според Владимир Џабаров, земјите кои не дале дозвола за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, треба да престанат да се снабдуваат со рускиот енергенс.

„Значи, рускиот природен гас што го добиваат овие земји апсолутно не е отровен за нив, додека летот на авионот на рускиот министер создава сериозна загриженост. Прашањето е, можеби тие земји воопшто не треба да ги снабдуваме со руските енергенси?“, напиша првиот заменик-претседател за прашања на Советот на Федерацијата на Русија, Владимир Џабаров на својот канал на Телеграм.

Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора не дадоа дозвола за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој денеска и утре требаше да го посети Белград.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

АП: Русија подготвува нова офанзива

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ