19 деца и двајца возрасни беа убиени во нападот во основно училиште во градот Увалде во Тексас. Напаѓачот, 18-годишниот Салвадор Рамос е мртов соопшти полицијата.
Тој непосредно пред нападот објавил три текста на Фејсбук. Во првата објава, 30 минути пред да оди во училиштето рекол дека ќе ја убие баба му. Потоа напишал „Ја убив баба ми“. Во третата објава, околу 15 минути пред нападот, го најавил крвавиот поход во основното училиште.
Бабата го преживеала нападот. Таа е во критична, но стабилна состојба објавија властите на прес конференција.
Нападот се случи во училиште за деца до четврто одделение. Училиштето имало околу 500 ученици.