Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Тихиот Океан крај бреговите на Колумбија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Засега нема информации за настрадани и причинети материјални штети.
Силниот потрес се случил во 15.43 часот по Гринич на длабочина од десет километри под океанското дно, со епицентар на околу 95 километри во насока запад-југозапад од градот Мутис.