Над 52.000 млади луѓе во Романија кои штотуку завршиле средно или високо образование, се пријавиле во бирото за вработување од почетокот на годината.
Околу 6.000 се регистрирале како невработени од почетокот на август, се вели во податоци на Националната агенција за вработување.
Според законите во Романија, ако до 60 дена од завршувањето на образованието младите не најдат работа, имаат право на обештетување бидејќи се невработени. Таа сума е 50 отсто од социјалната помош за луѓе кои се невработени.