Ердоган не попушта: Повторно „не„ за Шведска и Финска

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека во сабота треба да разговара телефонски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави тој во петокот.

„Разговарав со холандскиот премиер (Марк Руте) денеска. Британските и финските официјални лица исто така побараа разговор (закажан) утре (сабота). А потоа ќе разговарам со генералниот секретар на НАТО Столтенберг“, рече Ердоган.

„Ние ја продолжуваме дипломатијата по телефон“, објасни тој, повторувајќи го своето противење Финска и Шведска да влезат во НАТО бидејќи тие ги штитат „терористите“. „Не можеме да кажеме „да“ на Шведска и Финска“, повтори тој во изјавата по петочната молитва.

Ердоган ги обвинува двете земји дека ги штитат курдските „терористи“. Тој е незадоволен и од тоа што во 2019 година престанале да и продаваат оружје на неговата земја поради турската акција на северот на Сирија. Оваа недела Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО, по руската инвазија во Украина.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата