Доаѓаат тешка зима и ценовни шокови, Ковачевски бара Собранието да не биде блокирано

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ постапува погрешно со блокадите на Собранието и најавите за блокади на улиците. Според него, цел свет живее во кризно време, а Владата во Македонија работи за ценовните шокови да се што помали. Најави дека доаѓа тежок период и побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со блокадите.

„Не очекува тешка зима. Владата работи ценовните шокови да бидат помали и да се обезбедат реагенси за непречено снабдување на домаќинствата и индустријата. Правиме ребаланс, Министерството за финансии намалува на трошоци кои не мора да бидат направени, за да има средства за поддршка на компаниите и најранливите категории на граѓани“, кажа Ковачевски.

Според него, во Собранието постојат механизми преку кои секој може да разговара и каже свој став околу законските решенија, без да се блокира работата.

„Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ е од политички лични причини, за да си обезбедат внатрепартиски позиции. Повикувам пратениците во Собранието да бидат на ниво на одговорност која ја имаат не пред партија, туку пред граѓаните. Собранието треба да носи закони кои се за подобрување на стандардот на граѓаните. Собранието е место каде постојат комисии за сите области, каде на најдемократски можат да се разговараат сите решенија. Собранието е исто така место каде треба да се негува демократијата, треба да се разговара за тоа што кажав, а не да се бојкотира“, додаде Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ