Интернет гигантот „Гугл“ неодамна спроведе анкета на 2.000 корисници со цел да открие кои се најчесто користените лозинки.
Резултатите се загрижувачки, бидејќи покажуваат дека голем број кориснички лозники може да бидат многу лесно откриени поради начинот на кој се бираат истите.
Ова е целата листа на најчесто користени лозники на Интернет:
1. Име на домашен миленик
2. Поважни датуми, како роденден или годишнина од брак
3. Роденден на некој член од семејството
4. Името на некое од своите деца
5. Има на некој друг член од семејството
6. Местото на раѓање
7. Омилениот празник
8. Нешто во врска со омилениот спортски клуб
9. Името на актуелниот партнер
10. Зборот „лозинка“
Доколку и вашата лозинка спаѓа во некоја од овие категории, можеби е време за промена, бидејќи сите овие информации може многу лесно да се дознаат со само еден „клик“ на вашиот „Фејсбук“ профил.
Истражувањето покажува уште неколку лоши навики на Интернет корисниците. Околу 48 проценти од испитаниците своите лозники ги споделуваат со други луѓе, а дури 3 проценти од нив лозинките ги запишуваат на лист хартија, што потоа го ставаат во близина на компјутерот.