Туниската армија нанела денеска воздушни напади врз исламистички борци во реонот на врвот Џебел Шамби на границата со Алжир, изјави воен извор.
Тој не наведе оти имало жртви, но истакна дека во истиот реон вчера се убиени неколку екстремисти, а четворица се уапсени.
Авијацијата бомбардирала пештери во реонот на Џебел Шамби, каде се пресметува со исламисти од декември минатата година.
Операцијата е преземена во истиот реон, каде екстремисти нападнаа од заседа и убија осум војници – еден од најсмртоносните напади врз силите за безбедност.