Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит активно се вклучи во т.н. „војна со ќофтиња“.
Повеќе предшколски установи и градинки во Данска воведоа забрана за употреба на свинско месо во исхраната на децата со образложение дека со таква мерка се покажува респект кон муслиманите и Евреите кои не јадат такво месо.
Но данската премиерка се спротивставува на настојувањата да се исфрлат свинското и популарните дански варени ќофтиња од менито во градинките.
– Не посакуваме развој во Данска така што полека ќе ги затскриваме нашите традиции од нашите јавни институции, вели Хеле Торнинг-Шмит за весникот „Политикен“.