Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, пристигна во Киев

Од:

Претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, денеска пристигна во Киев, каде што е планирано да учествува на одбележувањето на 77-годишнината од завршувањето на Втората светска војна во Европа, јави ДПА.

Социјалдемократската политичарка е вториот највисок претставник на Германија по претседателот, а до овој момент и најважниот германски политичар што ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија.

Таа во Киев допатува на покана на претседателот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук.

Политичарката од СПД во име на германскиот Бундестаг ќе положи венци на гробот на незнајниот војник и на споменикот на убиените украински Евреи во Бабин Јар.

Бас и Стефанчук планираат заеднички да им оддадат почит на сите цивилни и воени жртви од Втората светска војна.

Предвидено е Бас да има средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, додава ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Осуммина повредени во украинскиот напад на Белгород

Наришкин: Испраќање воени контингенти во Украина може да се сметаат за ескалација

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина