Милановиќ: Ќе ставам вето на влезот на Финска во НАТО

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе стави вето на влезот на Финска во Алијансата на самитот на НАТО додека не се решат прашањата за Хрватите во Босна и Херцеговина.

„На самитот на НАТО ќе ставам вето на поканата, доколку е на тоа ниво. Како ѓаволска грешна душа ќе го прогонувам секој пратеник кој ќе биде за“, рече Милановиќ.

На одбележувањето на Денот на Вуковар, тој ја нарече хрватската влада „предавничка“.

„Имаме предавничка влада, ги предава Хрватите во БиХ, а тие луѓе таму бараат многу малку, само основно, држава во која се почитуваат националните права“, рече Милановиќ.

Тој оцени дека се очекува во БиХ да се игнорира фактот дека има Хрвати, Срби и Бошњаци, за да можат Бошњаците да ги надгласаат Хрватите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност