СДСМ: Голем е стравот на Мицкоски од Ковачевски

Од:

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го дискредитира Ковачевски уште од првиот ден на неговиот избор. Лидерството, способноста, решителноста и успехот на Ковачевски во менаџирањето на најголемата економско-енергетска криза, уште во првите 100 дена од мандатот резултираа со страв и очај во ВМРО-ДПМНЕ се вели во реакцијата од СДСМ на денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Не само целото ВМРО-ДПМНЕ туку и Христијан Мицкоски се плаши од Димитар Ковачевски. ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните, Мицкоски е загубен, покажува немоќ и неспособност да дефинира основен политички став на било која тема важна за граѓаните. Тоа што Ковачевски како директор во Македонски телеком АД бил поканет и присуствувал на отворање на објектот на МНТ нема ама баш никаква врска со криминалот на ВМРО-ДПНЕ. За криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и оној од Скопје 2014 збор имаат македонските судови. Бројни судски предмети и признанија на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тој криминал. „Титаник“, „Тенк“, „Таргет – Тврдина“, „Плацови на Водно…. веќе има израчени правосилни затворски казни за крининал за голем број високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ како и за шефот на Мицкоски, Никола Груевски се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Штокер: Гентерм инвестира овде затоа што веруваме во луѓето, во поддршката на Владата

ВИДЕО: На талибански начин се брише македонскиот идентитет од Извештајот во Европа, реагира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он