Расмусен: Прекинот на испораката на гас за Бугарија и Полска и директен удар од Москва за НАТО

Од:

Прекинот на испораката на руски гас за Бугарија и Полска и директен удар од Москва за НАТО алијасната, но Бугарија ќе биде помогната со гас од другите ЕУ земји, изјави денеска во Вашингтон Андерс Фог Расмусен, поранешен генерален секретар на НАТО.

–Одамна знаеме дека Путин ја користи енергијата како оружје, бидејќи Европа е премногу зависна од испораките на руска нафта и гас, изјави тој во интервју за радиото Си-спен.

-Путин со ова ненамерно го поплочи патот за воведување ембарго од ЕУ и се надевам следниот чекор во европските санкции против Русија ќе биде нафтено ембарго, а потоа и гасно. Тоа ќе нанаесе реален удар на воената машина на Путин, и тоа ќе биде најдобриот начин да се стави крај на војната, а тоа е да се запре финансирањето на неговата воена машина, изјави Расмусен.

Рече дека за разлика од Полска, која има капацитети за складирање на гас, како ново изградени резервоари и капацитети за течен природен гас, Бугарија нема такви можности.

-Бугарија ќе биде помогната од соседите. Во изминатоте години ЕУ изгради многу интерконектори за гас, за слободен проток на природен гас преку границите, и ги употребува како оружје против обидите на Путин да уценува одделни земји. Според тоа другите ЕУ земји ќе и помогнат на Бугарија, изјави Расмусен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он