Функционер од Кремљ: Украина би можела да биде поделена на неколку делови

Од:

Високиот функционер на Кремљ Николај Патрушев денеска изјави дека Украина може да биде поделена на неколку делови.

Патрушев, секретар на Советот за национална безбедност на Русија, изјави дека „политиките на Западот и режимот во Киев, кој е под контрола на Западот“, ќе доведат „само до распаѓање на Украина на неколку држави“.

Русија неодамна објави дека се фокусира на проширување на контролата над Донбас, индустриски центар во источна Украина. Проруските сепаратисти поддржани од Москва се борат со украинските сили во Донбас од 2014 година, кога започна конфликтот по руската анексија на украинскиот полуостров Крим.

Неколку дена пред да ја нападне Украина на 24 февруари, Москва ја призна независноста на регионите Доњецк и Луганск, кои се дел од Донбас.

Висок руски воен функционер минатата недела изјави дека Москва, покрај преземањето контрола врз Донбас, сака и да ја окупира јужна Украина за да отвори копнен коридор меѓу Русија и молдавскиот проруски регион Придњестровје, чија самопрогласена независност другите држави ја немаат признати.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски