Османи на средби во Бундестагот

Од:

Во рамки на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес оствари средби во Бундестагот, и тоа со Михаил Рот, претседател на Комисијата за надворешни работи, и со Антон Хофрајтер, претседател на Комисијата за ЕУ прашања.

Од Министерството за надворешни работи велат дека во фокусот на разговорите било европското досие на нашата држава и неопходноста од одлучни чекори од страна на ЕУ во однос на евроинтегративните процеси на државите од Западен Балкан.

„Со отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија, ЕУ ќе ја демонстрира својата геостратешка насока и следствено ќе ја зацврсти заедничката европска безбедносна архитектура“, порача министерот Османи.

„Од соговорниците е добиена потврда за конзистентното германско ангажирање и поддржување на европскиот пат на Северна Македонија со цел задржување на кредибилитетот на Европската унија во регионот“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Драма на фестивал во Германија: Експлодира плинска боца, има повредени

Горан Наумовски

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства

ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија