Најмалку тројца пакистански војници беа убиени од терористи кои извршија прекуграничен напад од Авганистан, соопшти денеска пакистанската војска.
Милитантите отвориле оган врз војниците во провинцијата Хајбер Пахтунхва, пренесува ДПА.
– Во размена на оган загинаа тројца војници … Пакистан силно ја осудува употребата на авганистанска територија од страна на терористите за активности против Пакистан и очекува авганистанската Влада да не дозволи спроведување на такви активности во иднина, се вели во соопштението.
Извор: МИА