Забрана за влез во Русија и за Камала Харис и Марк Закерберг

Од:

Русија попладнево го прошири списокот лица на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите воведени од Западот.

На листата лица на кои им е заранет влез во Русија сега се најдоа и потпретседателката на САД, Камала Харис, основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг и портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

На ажурираната листа се додадени вкупно 29 американски функционери и новинари.

„На овие лица им е забранет влезот во Руската Федерација на неодредено време” соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Минатиот месец забрана за влез во Русија му беше изречена и на американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден не ја има посетено Русија од 2011 година, кога беше потпретседател на Барак Обама. Неговото патување во Москва вклучуваше разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Во март забрани за влез во Русија им беа изрешени и на државниот секретар Антони Блинкен, шефот на ЦИА Вилијам Барнс, секретарот за одбрана Лојд Остин и советникот за национална безбедност Џејк Саливан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина