Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу преку новинската агенција Интерфакс објави дека Русија го зазела Мариупол.
Според информациите, министерот за одбрана изјавил:
Русија евакуираше повеќе од 142.000 цивили од Мариупол, 1478 украински борци веќе се предале, но повеќе од 2.000 украински борци сè уште ја бранат фабриката Азовстал. Фабриката Азовстал е безбедно блокирана.
Ниту едно од овие тврдења не е независно потврдено.
Извештаите на руските медиуми понатаму го цитираат рускиот претседател Владимир Путин, кој му честитал на Шојгу за успешната операција и рекол дека нема потреба да се упадне во фабриката Азовстал, туку дека таа треба да биде блокирана „за да не помине ниту една мува“.