Ердоган му пренел на Херцог дека е вознемирен од судирите во Ал-Акса

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска му кажал на својот израелски колега Исак Херцог дека е „многу вознемирен“ поради повредените и убиени Палестинци на Западниот Брег и во џамијата Ал Акса за време на светиот месец Рамазан.

Ердоган на Твитер напиша дека двајцата телефонски разговарале за неодамнешните настани предизвикани од „некои радикални израелски групи и безбедносните сили“, пренесуваат британските медиуми.

Израелските безбедносни сили во петокот рано утрината влегоа во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, во кој илјадници Палестинци се собраа на молитва за време на светиот месец Рамазан, што доведе до судири во кои, според палестинските здравствени служби и израелската полиција, беа повредени најмалку 152 Палестинци и тројца израелски полицајци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Има ли таен договор за крај на војната во Газа: Хамас е подготвен да ја предаде власта за седум години мир

Израелската војска е обвинета за егзекуции на медицински работници во Појасот Газа

Горан Наумовски

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса