Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит денеска изврши реконструкција на Владата со цел социјалдемократскиот коалициски кабинет да добие нов импулс пред локалните избори, што се закажани во ноември.
Нов министер за трговија и развој ќе биде претседателот на парламентарната група на Данската социјалдемократска партија, Хенрик Сас-Ларсен. Тој доаѓа на местото на претседателката на Социјалистичката народна партија Анете Вилхелмсен, кој сега ќе го води Министерството за социјални работи и интеграција.
Поранешниот претседател на Социјалистичката народна партија Вили Соундал останува министер за надворешни работи, а социјалдемократот Бјарне Корјудон – министер за финансии.
Досегашниот министер за одбрана – социјалдемократот Ник Хекеруп ќе биде министер за трговија и европски прашања, додека Николај Вамен ќе биде министер за одбрана.
Според анкетата од 6 август, левоцентристичката Влада на социјалдемократите, социјаллибералите и на Социјалистичката народна партија, ако сега би се одржале парламентарни избори би добила само 42,5 проценти од гласовите. Либералната десносцентристичка коалиција би добила 57,3 отсто.