Отворен хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои го положиле оружјето може да го напуштат Мариупол

Од:

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека руската армија го прекинала огнот и отворила хуманитарен коридор преку кој украинските борци кои доброволно го положиле оружјето може да ја напуштат фабриката Азовстал во Мариупол.

„За таа цел, во 14 часот беше воведен „режим на целосен молк“, прекинати сите акции на руските вооружени сили и формацијата на самопрогласената Доњецка Народна Република по целиот периметар на Азовстал, а единиците беа повлечени на безбедно растојание“, рече генерал полковник Михаил Мизинцев, началник на Центарот за контрола на националната одбрана.

Руската армија соопшти дека ќе ги гарантира животите на сите украински војници кои ќе го положат оружјето и ќе го напуштат Мариупол по хуманитарните коридори и вети дека ќе ги почитува Женевските конвенции за постапување со воените заробеници.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје