Едногрбите камили може да се виновни за ширењето на смртоносниот вирус „МЕРС“ од човек, на човек, покажува истржувањето на кое работи една меѓународна екипа од вирусолози.
Досегашните тестови откриваат дека вирусот „МЕРС“ (Блискоисточен респираторен синдром), или некој кој е сосема блиску до него, постои меѓуживотните кои се во близок контакт со луѓето. Според научниците, тоа ги овозможува патиштата и начините на неговото ширење.
Новите сознанија се објавени во најновото издание на научното списание „Ленсет-заразни болести“.
Во студијата научниците, сепак, наведуваат дека им се потребни дополнителни тестови и проверки за да се потврди „вината“ на едногрбите камили кои во реонот на Блискиот Исток се постојано во конкат со луѓето, како домашно животно, или за спортски натпреварувања.
Вирусот „МЕРС“ првпат се појави во реонот на Блискиот Исток, минатата година. Досега се регистрирани 94 заболени од оваа заразна болест и 46 починати лица.
Вирусолозите досега знаеја дека овој вирус се шири меѓу луѓето, кои најчесто биле во контакт со животните, но не можеа да утврдат кое од нив го забрзува ширењето. Тим од лекари од разни земји, ги испитувале семпловите од крв земени од камили, овци, кози и крави.
Досега најголем број заболени и умрени од овој вирус се регистрирани во Саудиска Арабија.