Во Нион денеска беа одредени двојките за баражите за Лигата на шампионите. Победниците од овие дуели ќе играат во групите од Лигата на шампионите заедно со уште 22 екипи, кои директно се пласираа за групната фаза.
Стеауа на нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски ќе игра против Легија, додека Марибор на Агим Ибраими за противник го доби тимот на Викторија Плзен.
Најмногу внимание привлекува и дуелот на екс европските шампиони ПСВ – Милан.
Двојки за баражите за Лигата на шампионите:
Динамо Загреб – Австрија Виена,
Лудогорец – Базел,
Викторија Плзен – Марибор,
Шахтјор Караганди – Селтик,
Стеауа – Легија,
Олимпик Лион – Реал Сосиедад,
Шалке – Металист Харков,
Фереира – Зенит,
ПСВ – Милан,
Фенербахче – Арсенал.
Првите средби се на 20 и 21 август, реваншите се закажани седум дена подоцна.