Украина изрази стравување поради трговијата со деца

Од:

Украинското Министерство за надворешни работи изрази загриженост дека децата однесени во Русија, вклучително и оние кои останале без родители за време на војната, би можеле да бидат дадени на посвојување од руски семејства, без да се почитуваат сите потребни процедури утврдени со законодавството на Украина.

„Во овој контекст, информациите за намерата на Министерството за образование на Руската Федерација да потпише ‘договори’ со руските окупациски администрации во регионите Доњецк и Луганск кои ќе овозможат трансфер на деца без родители илегално депортирани од територијата на Украина во руски семејства предизвикува посебната загриженост во овој контекст“, се вели во соопштението на украинското МНР.

Според Конвенцијата на ОН за правата на детето, државите кои се страни на овој меѓународен договор, вклучувајќи ги Русија и Украина се обврзани да преземат мерки за борба против нелегалното движење и невраќањето на децата од странство, нагласува украинското МНР.

– Обидите на Кремљ да обезбеди „легитимна“ основа за своите криминални дејствија на територијата на Украина се цинично непочитување на основните закони и обичаи на војување и универзално признатите човекови права, стои во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Украина апелира до Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, Меѓународниот комитет на Црвениот крст, УНИЦЕФ, Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Канцеларијата на специјалниот претставник на Генералниот секретар за деца и вооружени конфликти и Канцеларијата на специјалниот претставник на генералниот секретар за насилство врз децата да преземат итни мерки за враќање на украинските деца на територијата на нивната татковина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје