Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот

Од:

Зголемување на платите за 3.000 денари за вработените во технолошкиот процес во „Македонска Пошта“ од 1 јуни, а за останатите од администрацијата 1 август. Ваков предлог добил Синдикатот на поштата од страна на раководството за прекин на штрајкот кој почна денес.

Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов на прес-конференција истакна дека утрово интензивно преговарале со раководството. Откако официјално ќе ја добијат понудата и ќе ја потпишат спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, но претодно неопходна е консултација со синдикалните организации за предлогот.

До потпишувањето на спогодбата, штрајкот е во тек, изјави Велигденов.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

A1on

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

A1on

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

A1on