Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Од:

Вработените во Македонска пошта бараат целосна реорганизација и систематизација на државниот загубар кој се соочува со големи кадровски проблеми, недостаток на персонал во технолошкиот процес и нередовна исплата на плата.

Претседателот на Синдикатот на Пошта, Боро Велигденов, рече дека со сегашната состојба, вработените се загрижени за опостојувањето, иднината и зачувувањето на работните места.

„Осумдесет отсто од вработените имаат просек колку минимална плата, а февруарската плата уште не е исплатена и покрај тоа што законскиот рок е до 15-ти. Финансиската состојба на друштвото е лоша и се стравува дека ќе нема редовна исплата“, рече Велигденов, припишувајќи ги проблемите на лошата кадровска политика и менаџирањето.

Тој рече дека има недостаток на работници во технолошки процес – поштари, шалтери и работници, но затоа, има преполни работни места во администрацијата и шефовските позиции.

„Имате еден шеф на еден работник“, рече тој.

Во моментов во Македонска пошта има 1.800 вработени и 200 договорни поштари, а синдикатот меѓудругото бара и да се реши статусот на договорните поштари кои со години работат без здравствено осигурување и на минимална плата. Има и одлив на вработени кои самите си даваат откази, особено работниците од технолошкиот процес.

Велигденов рече дека Синдикатот со години алармира за реформирање и реорганизирање, но надлежните немаат слух.

Долгогодишните барања на вработените и синдикатите се изготвување на нова систематизација, нов колективен договор, реорганизација, технолошка модернизација, како и измени во Законот за поштенски услуги.

Синдикатот ја повика Владата заедно со раководството веднаш и без одлагање да се заложат за обезбедување на финансиски средства за редовна исплата на плата, како и превземање на итни мерки за реформирање на Македонска пошта, во спротивно, како што кажа тој, протестот ќе продолжи и ќе се отпочне со постапка за штрајк.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов

Eко Логистик Сервис пошта број 1 во нашата држава покажа анализа од Агенција за пошти

Предраг Петровиќ