„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Од:

На социјалната мрежа Фејсбук се појави нова лажна страница „Пошта Македонија“ која за 123 денари нуди загубени кутии со различни производи, меѓу нив и скапи телефони и конзоли за играње.

„Специјална понуда од Пошта Македонија! Купувајте загубени кутии со различни производи само за 123 македонски денари. Осигурајте си голема количина разнообразни производи по скромна цена! Секоја кутија – вистинска тајна, која може да ја откриете сега. Побрзајте, обемот е ограничен! Кликнете на линкот за повеќе информации и за направа на вашата порачка“, стои во објавата на страницата која ја заследиле педесетина граѓани.

Од АД Пошта за „А1он“ потврдија дека се работи за измама, односно лажна фејсбук страница која нуди по атрактивна цена производи кои наводно се загубиле во меѓународниот поштенски сообраќај.

Ова е втор обид за измама во кој се користи државната компанија откако на почетокот на 2024 година лажна страница на Пошта бараше од примачот да плати царинска такса за пристигнат пакет.

На 5 јануари , АД Пошта јавно предупреди за „лажни информации и злоупотреба на името на Пошта на Северна Македонија“ укажувајќи дека „граѓаните добиваат пораки на телефон со невистинита содржина“.

Одредена група на граѓани добија лажни СМС пораки, а некои од нив станаа жртви откако дале банкарски податоци на лажната страница, по што од нивните сметки биле вршени исплати по неколку стотици евра.

И МВР преку медиумите информираше дека презема мерки за расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет.

Од АД Пошта велат дека граѓаните треба да ги следат информациите само на официјалната веб-страница www.posta.com.mk и да знаат дека единствено и официјално известување за достава на пратки од странство вршат само поштарите, не се добива известување преку СМС пораки.

Изминативе години стотици македонски граѓани наседуваа на лажни страници и лажни наградни игри на социјалните мрежи надевајќи се дека ќе добијат нови автомобили и патувања во странство.

Компанијата АД Макпетрол двапати беше предмет на измама во која администраторите на лажните страници со логото на фирмата бараа да се лајкнуваат постовие, да се напише коментар „да“ и да споделат објава по која ќе чекаат извлекување на главните награди.
Откако компанијата објави дека се работи за лажен профил, следбениците на фан-страната продолжија да пишуваат „да“ во коментар.

Жртва на измама беше и „Порше Македонија“ кога лажни страници нудеа нова „шкода“ како награда.

Од компаниите чии имиња се злоупотребени во ваква измама постојано апелираат дека се работги за злоупотреба на лични податови и дека праќање одговори на порака само им се помага на измамниците да направат поголема база на клиенти.

Би можело да ве интересира

Измамничка олеснила скопјанец за 11.000 денари ветувајќи му работа во странство

Измамник преку телефонски повик заработил 760 евра

Маж и жена од Турција измамиле сонародник за 54.000 евра

Гостиварец продавал веќе продаден стан

Велешанец остана без 18.000 денари кои ги дал за наводни огревни дрва

Маж во Хрватска измамил 46 лица, меѓу нив и двегодишно дете

Горан Наумовски