Штрајкот на наставниците ги наполни болниците, коментираа попладнево родители чии деца завршуваа со гипс на рацете и нозете. Најголем метеж има пред гипс салата, се чека ред и по еден час.
Лекарите се како на лента, едно дете излегува друго влегува. Скршеници на рацете, нозете и истегнати мускули се најчестите повреди. Едни играле кошрака, други фудбал трети се повредиле бркајќи се пред зграда.
Дежурните лекари во Унививерзитетска клиника за хируршки болести “Климент Охридски” велат дека метеж од повредени деца имат цело попладне.