Градска болница не прима итни случаи поради расипан лифт

Од:

Од СДСМ известуваат дека поради дефект на лифтот во Градската болница во Скопје, во таа болница не се примаат итни случаи, туку тие се пренасочуваат во другите болници низ градот.

„Порачуваме на Никола Тодоров и на здравствените власти, Градската болница во Скопје веднаш да биде оспособена да прима итни хируршки случаи. За евентуалните последици по здравјето на граѓаните кои се препраќаат по други болници ќе има одговорност!

Втората по големина хируршка установа во Македонија, Градската болница Св. Наум Охридски во Скопје веќе 9 дена, не прима итни случаи, поради скандалозна причина – расипан бил лифтот!

Во прилог на ова соопштение е Известувањето од директорката Јасминка Чабуковска до лекарите и до медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи.

Како што може да се види на штембилот горе, Известувањето е издадено на 10 февруари и во него стои дека лифтот ќе бил поправен во рок од три дена, до 13 февруари.

Денеска е 19 февруари. Лифтот во Градската болница сеуште не работи.

Според информациите од чесни лекари, загрижени за здравјето и животот на пациентите, се враќаат итни случаи, донесени повредени граѓани, кои се пренасочуваат по други болници. Луѓето не се информирани дека доаѓањето до Градската болница е само губење време. Некои од нив, ваквата несериозност на раководството на болницата и на здравствените власти може да ги чини и живот!

Според информациите што ги имаме, лифтот не бил поправен досега, бидејки поправката чинела скапо.

Ова е класичен доказ за несовесните криминални приоритети на власта во заминување, којашто 10 години ја интересираат само тендери, но не и здравјето на граѓаните.

Затоа итно е потребна нова одговорна Влада посветена исклучиво на интересите и потребите на граѓаните и на нивното здравје“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески