Украински граничари: Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната

Од:

Повеќе од 870.000 Украинци се вратиле дома од почетокот на војната, вклучувајќи жени и деца, соопшти денеска украинската гранична служба.

– Во моментов, од 25.000 до 30.000 Украинци се враќаат во својата земја секој ден. За разлика од претходните денови, кога главно беа мажи, сега има и жени, деца и постари лица, рече Андриј Демченко, портпарол на граничната служба на Украина.

Повикувајќи се на податоци од граничната служба, украинското Министерство за внатрешни работи на 3 април објави дека 537.000 Украинци се вратиле дома, пренесе Бета.

– Тие велат дека ситуацијата е побезбедна особено во западните региони и оти повеќе не можат да останат во странство, подготвени се да се вратат во земјата и да останат, додаде Демченко.

Според Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), повеќе од 4,6 милиони украински бегалци ја напуштиле земјата од 24 февруари, кога започна руската инвазија врз Украина.

УНХЦР проценува дека има 7,1 милиони раселени лица, додавајќи дека речиси 12 милиони луѓе ги напуштиле своите домови. Тие или ја напуштиле земјата или нашле засолниште на друго место во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје