Хрватска ќе обезбеди уште 100 милиони евра за помош на украинските бегалци

Од:

Хрватска ќе ја зголеми помошта за пријателскиот украински народ и ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра како дел од иницијативата Global Citizen Impact за помош и грижа за украинските бегалци, објави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Додека руската брутална агресија против Украина продолжува, би сакале да ја изразиме нашата поддршка и солидарност со украинскиот народ“, напиша Пленковиќ на Твитер.

„Хрватска ветува дополнителни 100 милиони евра помош за украинските бегалци“ на кои ќе им треба прием во Хрватска.Во овие тешки моменти за украинскиот народ, ќе продолжиме со нашата поддршка, солидарност и помош во овие моменти во кои сме со Украина и со Украинците“.

Според најновите податоци, во Хрватска има повеќе од 12.600 украински бегалци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик