Откако вчера беа одиграни осум реванш натпревари од 3-коло во квалификациите за Лигата на шампионите, познати се сите екипи кои ќе разигруваат во последната фаза за пласман во групите.
Вчерашните натпревари минаа без изненадувања и во плеј-офот место обезбедија: Австрија Виена, Зенит Ст. Петерсбург, Динамо Загреб, Металист Харков, Селтик, Викторија Плзен, Легија Варшава и ПСВ Ајндховен.
Тие им се приклучија на: Стеауа Букурешт, Марибор, Фенербахче, Шахтјор Караганди, Базел, Лудогорец и Олимпик Лион, екипи кои своето место го обезбедија ден порано.
На вчерашните средби беа постигнати следниве резултати: Хафнарфјордур – Австрија Виена 0:0 (0:1 прв натпревар), Зенит Ст. Петерсбург – Нордселанд 5:0 (1:0), Шериф Тираспол – Динамо Загреб 0:3 (0:1), Металист Харков – ПАОК Солун 1:1 (2:0), Елфсборг – Селтик 0:0 (0:1), Викторија Плзен – Каљу 6:2 (4:0), Легија Варшава – Молде 0:0 (1:1) и Варегем – ПСВ Ајндховен 0:3 (0:2).
Извлекувањето на двојките за последното квалификациско коло ќе биде одржано утре.