HTC го претстави моделот Desire 500

Од:

Корпорацијата HTC го претстави Desire 500 за Европа, „моќен модел од средна класа“ со quad-core процесор од 1,2 GHz, HTC BlinkFeed и Video Highlights функции, а наменет е за корисниците кои сакаат „супериорно мобилно искуство за пристапна цена“.


HTC Desire 500 ќе биде достапен во црна и бело-сина боја, кои му даваат софистициран изглед.


– Семејството Desire стана препознатливо бидејќи дава врвно мобилно искуство на масовниот пазар. Овој модел е совршен за корисниците кои се во постојано движење бидејќи овозможува моќен мултитаскинг и лајв стрим важни и интересни информации, додека корисниците најважните моменти ќе ги овековечат со одлична камера, изјави Питер Чау, генерален директор на HTC корпорацијата.


Новиот HTC Desire 500 ќе биде достапен на одредени пазари кај мобилните оператори и во малопродажните објекти во текот на овој месец.


HTC Desire 500 ќе има и верзија dual SIM и NFC.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ