Бројот на украински бегалци во Хрватска надмина 12.000

Од:

Бројот на украинските бегалци во Хрватска достигна 12.403, изјави директорот на хрватската цивилна заштита Дамир Трут. Директорот на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт соопшти дека се собрани три милиони куни (околу 400.000 евра) и разновидна стока за поддршка на бегалците, пренесе Хина.

Тие го посетија прифатниот центар за бегалци од Украина во Госпиќ. Хрватска има три такви центри.

Маркт соопшти дека од 131 организација на Црвениот крст, 25 побарале средства за бегалската криза и дека на нивните сметки биле префрлени 511.000 куни (67.755 евра). Психолошка поддршка добија 2.657 Украинци. Во Госпиќ се запишани 22 деца од Украина од прво до седмо одделение.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик