Нехамер набрзо ќе ја посети Украина

Од:

По телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, австрискиот канцелар Карл Нехамер следните денови ќе ја посети во Украина.

Канцеларијата на Нехамер потврди дека канцеларот ќе отпатува во Украина со цел да обезбеди најдобра хуманитарна и политичка поддршка.

Австрија досега има обезбедено околу 17,5 милиони евра од својот странски фонд за катастрофи за Украина, како и 10.000 шлемови и повеќе од 9.100 заштитни елеци за цивилна употреба.

Австрија, која не е членка на НАТО, наскоро исто така ќе обезбеди дополнителна хуманитарна помош за Украина.

Од безбедносни причини не се соопштени повеќе детали за патувањето на Нехамер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина