Шангај од денеска во карантин, масовно тестирање за Ковид-19

Од:

Шангај, еден од најголемите кинески градови, со околу 26 милиони жители, од денеска ќе биде во карантин, како дел од стратегијата за борба против Ковид-19.

Финансиската област Пудонг во Шангај и блиските населби ќе бидат затворени од денеска до петок, бидејќи започнуваат масовни тестирања низ градот. Другиот дел од градот западно од реката Хуангпу ќе биде затворен од петок.

Жителите ќе мора да останат во своите домови, а испораките ќе бидат оставени на одредени места каде луѓето ќе немаат меѓусебен контакт.

Сите фирми кои не се сметаат за неопходни ќе бидат затворени, а јавниот превоз ќе биде суспендиран.

Кина соопшти објави повеќе од 56.000 случаи на болеста овој месец, која брзо се шири во источниот дел на земјата. Во Шангај во саботата беа регистрирани само 47 случаи. Сепак, Кина продолжува со стратегијата за затворање и масовно тестирање на населението.

Би можело да ве интересира

Кинески туристи повторно организирано ќе доаѓаат во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19

Кинезите по три години забрани, од недела конечно ќе можат да патуваат

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина не се очекува да влијае врз епидемиолошката ситуација во Европа

Кина го доживува најголемиот бран на коронавирус досега

Горан Наумовски