Референдум за можен излез од кризата во Тунис

Од:

Лидерот на владејачката партија Преродба во Тунис, Рашид ал Гануши, изјави денеска дека неговата земја се наоѓа на крајот на транзицискиот процес и го спомена референдумот како можност за излез од политичката криза.

– Се наоѓаме на последните сто метри од транзицискиот процес и одбиваме да одиме повторно од почеток, рече Гануши во интервју за белгискиот весник „Соар“.

Претходно и премиерот Али Лараед ја изнесе можноста за референдум на 29 јули. Според Гануши, оние кои повикуваат на распуштање на Парламентот се демаскирале, а „јавното мислење одбива да допушти земјата да падне во безнадежност“.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен