„Кипер“ маркетите потврдуваат дека им влегла инспекција: Продавниците ќе бидат затворени до завршување на процесот

Од:

„Кипер“ маркетите и денеска останаа затворени од инспекцијата на Управата за јавни приходи. Управата на ланецот од маркети извести дека денеска нема да работат. Контролите во оваа фирма доаѓаат веднаш откако заврши инспекцискиот надзор во „КАМ“ маркетите. „А1он“ објави дека на вратите во маркетите кои ги посети нашата екипа има натпис со „попис“.

„Ве известуваме дека во маркетите ‘Кипер’ во тек е редовна контрола од страна на инспекторатот. Заради создавање на услови за работа на горенаведените надлежни службеници, продавниците во кои контролата продолжува ќе бидат затворени до завршување на процесот на евидентирање. Во текот на денот се надеваме дека маркетите ќе продолжат со редовно работење“, велат од управата на маркетот.

Засега е познато дека овие контроли се во целиот продажен ланец на „Кипер“. Од Управата за јавни приходи, засега нема објава која е целта и што точно се проверува, како и дали и од кого има пријава. Единствено што УЈП го изнесе како информација е дека со цел заштита на граѓаните и државата, ќе се прават контроли во сите фирми за да се укаже дека законот мора да се почитува.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет