Дали сте оптоварени со работата? Еве како да го промените тоа

Од:

Сите ние живееме во друшто кое е секогаш во движење. Константно сме приклучени на интернет и достапни сме 24 часа на ден. Порано доаѓаме на работа, остануваме подоцна. Се што сакаме е тоа, денот да трае барем некој час повеќе, за да го надокнадиме времето кое ни фали, си го скратуваме спиењето за толку колку што ни фали.

Ви звучи познато? За многу од нас мултитаскингот е начин на живот. Тенка е границата помеѓу зафатеноста и пренатрупаноста со работа. Претерувањето со работа може да има и негативен ефект на вашето физичко и психичко здравје.

Имате ли проблем?

Ако чувствувате дека секогаш сте под притисок и стрес и ако вашите пријатели и семејството секогаш се жалат дека премногу работите – можеби сте во ризичната група. Одговорете искрено на овие неколку прашања и ќе разберете во „каква состојба сте“.

– Ја носите ли работата дома? За викендите? На годишниот одмор?
– Работите ли повеќе од 40 часа неделно?
– Останувате ли често подолго на работа?
– Се грижите ли секогаш за иднината, дури и кога се оди како што треба?
– Размислувате ли за работата додека се возите, пред спиење или додека другите разговараат, вие лутате со мислите?

Ако барем на две прашања одговорите позитивно, најверојатно имате проблем.

Неколку решенија

Секое утро започнете го со време само за вас – десет минути во кои не работите баш ништо. Размислувајте за нешто убаво, само седете или лежите. Изборете се за пауза на работа од барем половина час – кој ќе го поминете одмарајќи се од работа.

Најдете метода за решавање на стресот кога ќе се најдете во стресна ситуација. Тоа може да биде контролирано дишење, одење во кратка прошетка или разговор со пријател.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска