Бројот на заразени лица во Западна Европа драстично зголемен

Од:

Бројот на ковид случаи повторно расте во Западна Европа поради идеалната комбинација за совршено невреме – укинување на мерките за ограничување, слабеење на имунитетот кај населението и нови, позаразни омикронски подваријанти BA.2, велат експертите.

Откако по повеќе од еден месец бројот на случаи во поголемиот дел од Европа паѓаше, во Велика Британија, Франција, Германија, Италија и други земји во последните денови бројот на заразените драстично се зголеми.

Во Франција, бројот на случаи се зголеми за повеќе од една третина откако владата ги укина повеќето ограничувања минатиот понеделник.

Германската влада одлучи во текот на викендот да ги укине ограничувањата и покрај новиот рекорден број на инфекции регистрирани во петокот, дури 300,000. Иако голем број германски сојузни покраини имаат слобода сами да воведат ограничувања, повеќето ги задржаа постојните.

Италијанската влада во четвртокот објави дека ќе ги укине речиси сите ограничувања до 1 мај, и покрај зголемениот број случаи.

Во Обединетото Кралство, еден од дваесет луѓе во моментов е заразен, но владата во петокот го укина последното ограничување за меѓународно патување.

Иако мерката за задолжителна употреба на маската FFP2 беше укината во Австрија пред само неколку недели, ова правило повторно се воведува поради се поголемиот број случаи.

Иако некои епидемиолози веруваат дека владите пребрзо ги олабавија мерките, тие исто така посочуваат дека наглото зголемување на бројот на случаи се должи на омикронскиот подвид BA.2, кој стана доминантен во многу земји. Се проценува дека BA.2 е околу 30 проценти позаразна од претходната подваријанта BA.1, а бидејќи е потешко да се открие се нарекува и „скриен омикрон“.

Лоренс Јанг, виролог од британскиот универзитет Ворвик, рече дека зголемувањето на случаите е резултат на комбинација од три фактори: отстранување на ограничувањата, слабеење на заштитата од вакцинација и варијантата БА.2.

„Отстранувањето на ограничувањата го поттикна ширењето на BA.2 и тоа може да доведе до создавање на нови варијанти“, рече тој за АФП.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски