ЛАЈМ: ДУИ не е добредојдена во Слупчане на 13. Август

Од:

Додека во јавноста сеуште има дилеми за имињата на претставниците од ДУИ кои ќе присуствуваат на свеченоста на 13. август за поклонување пред гробницата на паднатите припадници на ОНА, жителите од Липково немаат никаква дилема – претставниците на Али Ахмети не се добредојдени во нивното село.

Таков е барем ставот на Претседателот на МЕсната Заедница Селајдин Шабани и поранешниот пратеник од Слупчане доктор Фатмир Хасани. И двајцата не гледаат искреност во поклонувањата на лицата од ДУИ пред грабницата на ОНА, туку само обид за добивање политички поени, пишува Лајм.

„Доколку јас треба да одлучам – не би им дозволил да дојат. Но сам не можам да ги запрам, па бидејќи селото не е единствено – нека дојдат. Јас нема да ги пречекам. Јас знам кога треба да го одбележам денот кога загина мојот син. Јас мојот син никогаш нема да го заборавам, додека сум жив. А тие, овие од ДУИ, тие доаѓаат само и единствено за политички маркетинг и за ништо друго. Едно време мислев дека имаат искрени намери, но испадна дека не е така”, вели со голем револт Селајдин Шахини, татко на најмладиот загинат припадник на ОНА, Абдулмеџид Шахини кој загина на 13-годишна возраст. Шахини, меѓу другото, ја обвинува ДУИ за корупција.

„Луѓето од ДУИ си ги добија функциите благодарение на крвта на паднатите борци на ОНА, а сега зимаат мито за вработување. Од мене не земале, но има случаи кога зимаат мито. Али Ахмети можеби не може сите да ги контролира, но тие работи се случуваат. Тие не им помагаат на семејствата на паднатите борци.

– Сега е Рамазан и тие не покажуваат никакво внимание. Јас немам потреба за помош, но има премногу семејства кои имаат потреба. Затоа не разбирам зошто воопшто доаѓаат овде на 13 Август. Не имаат заборавено со години, а ваму доаѓаат единствно на тој ден. Па нема потреба, драг брате да ни доаѓаш еднаш годишно”, вели Шахини.

Екс-пратеникот Фатмир Хасани, познат како “воениот лекар”, вели дека ДУИ нема реализирано ниту едно ветување за Слупчане, па затоа не се ни добредојдени во ова село.

„Нема потреба да доаѓаат без првично да се изгради мемориалниот центар за паднатите борци, без да се регулира статусот на паднатите и на воените инвалиди. Денот кога ттреба да се слават паднатите е 5 Мај, а не 13 Август, бидејчи на тој датум се немаат реализирано барањата на ОНА. Ние војниците од Слупчане не го прифаќавме Рамковниот договор, бидејчи тој не беше решение за барањата на Албанците. А сега, сега тој Договор го слават оние кои никогаш не се бореле, ниту пак испукале еден единствен куршум во воздух во 2001 година“, вели Хасани.

„Па со кој образ можат да дојдат да се ппоклонат пред паднатите борци? Во Слупчане не е направена ниту една инвестицција. Многу семејства живеат во беда и мизериа, штетите од 2001 година не се санирани. Доаѓаат овде за да продаваат маркетинг пред народот. Немаме потреба за маркетинг туку за конкретни дела за да се реши статусот на паднатите борциЌ вели тој, потсетувајчи дека и самиот бил припадник на ОНА.

Минатогодишното поклонување на тогашниот Министер за Одбрана Фатмир Бесими наиде на бројни реакции во македонската јавност. Неговиот чин вербално ги заостри односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но таа “криза”заврши со победа на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и немаше никаков негативен ефект врз нивните внтаре-владини односи.

Поради тоа во годината зад нас се јавија бројни дилеми дека всушност поклоувањето не беше никаков искрен акт, туку само политички маркетинг. Токму тоа сега ги загрижува и револтира жителите на Слупчане.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност